Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска одржа видео-конференција со премиерите од Западен Балкан на која главна тема било ширењето на коронавирусот.
Како што објави на „Твитер“, Вархеји за време на повикот ја нагласил подготвеноста на ЕУ да го поддржи регионот во справувањето со епидемијата од коронавирус и нејзиното влијание особено од економски аспект.
Тој посочил дека ЕУ се обидува да изнајде начини како најефикасно да го вклучи Западен Балкан во активностите кои се преземаат за соочување со заразата.
„Позитивна одлука за започнување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија следната недела би бил важен сигнал за целиот регион во овие критични околности“, напиша еврокомесарот.