Владата им препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд да направат план за одложување на судењата

Владата на синоќешната седница по разгледување на Записникот и предлозите од Првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид 19, им препорача на Судскиот совет и на Врховниот суд на Република Северна Македонија да ја разгледаат можноста и да препорачаат на претседателите на судовите да направат план за одложување на судењата.

Како што се наведува во соопштението од Владината прес служба, од планот треба да бидат исклучок оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, како и предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди, предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Воедно, и се препорачува на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Адвокатската комора  во Република Северна Македонија и Комората на извршители на Република Северна Македонија да ги спроведуваат сите мерки заклучоци и препораки донесени од страна на Владата.

Треба да знаете
Последни објави