Белгискиот Национален безбедносен совет од утре напладне воведува построги мерки на социјална изолација за да го спречи ширењето на Ковид-19.
Од пладне в среда, на белгиските државјани ќе им биде дозволено само да ги напуштат домовите ако одат на лекар, аптека или прехранбена продавница.
Од граѓаните се бара да останат дома,а одење на работа ќе им бидат дозволено само на оние кои не се во можност да работат од дома.
Најновите бројки покажуваат дека досега во Белгија се заразени 1.243 лица, а 10 од нив починале од коронавирусот.