Градоначалникот на Њујорк може да побара жителите да останат во своите домови во наредните 48 часа

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио изјави дека градот може да бара жителите да останат во своите домови во наредните 48 часа, и да одат надвор само за основните потреби.

– Мислам дека њујорчаните треба да бидат подготвени сега за можноста за спроведување нареедба да останат во своите домови, рече Де Блазио за време на прес-конференција.

Мерката ќе бара најголемиот град во САД да биде близу до целосен застој, но најверојатно ќе ги задржи отворени аптеките, продавниците за храна и банките.

Њујорк ќе го следи Сан Франциско и околните окрузи, кои донесоа слични наредби за т.н. shelter-in-place со кои се забранува несуштинско излегување од дома.

Засега се затворени ресторани за вечери, барови и спортски сали.

Де Блазио рече дека има 814 пријавени случаи на заразени со новиот коронавирус во Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави