Фламанската министерка за економија и валонската министерка за животна средина се во самоизолација поради коронавирусот, соопштија двете преку социјалните мрежи.
Министерката за економија на Фландрија, Хилде Кревиц, се ставила во карантин откако е детектиран вирусот кај член на нејзиното семејство.
Министерката за животна средина на Валонија, Селин Телие, пак, има симптоми на настинка и одлучила како мерка на претпазливост да не ја става својата околина во опасност, таа ќе работи од дома, соопшти на Твитер.
Телие нема температура, и не е познати дали има коронавирус.
-Ништо страшно, имам симптоми на силна настинка, но како секој Белгиец не сакам да ги загрозам моите колеги и членовите на мојот кабинет, напиша министерката.