ДОМ: Одложување на изборите во интерес на јавното здравје

Зелената партија ДОМ апелира до сите политички субјекти, во овој период на пандемија на коронавирусот, да го стават интересот на граѓаните и државата, пред партискиот интерес и да дадат максимален придонес во борбата против опасниот вирус.

„Носењето заедничка одлука на партиите за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, на денешната лидерска средба, е вистинскиот чекор“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека изборниот процес неминовно би довел до поинтензивни контакти помеѓу граѓаните што е спротивно на мерките и препораките на Светската здравствена организација.

Треба да знаете
Последни објави