Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) по денешниот вонреден состанок соопшти дека, и покрај заканата од пандемија на коронавирусот, засега нема да носи никакви драстични одлуки во врска со терминот за одржување на Летните олимписки Игри во Токио.
Олимпијадата во Токио треба да се одржи од 24 јули во 9 август за што ИОК најави можност само за промена на квалификациите во сите спортови.
„Се подготуваме дека Игрите ќе почнат за четири месеци, но ситуацијата со коронавирусот ја следиме од ден во ден”, велат од ИОК.