Иран привремено ослободи околу 85.000 затвореници

Иран привремено ослободил околу 85.000 затвореници, вклучувајќи ги и политичките затвореници, како одговор на пандемијата од коронавирусот, соопшти денеска портпаролот на Министерство за правда.

Тој изјави дека околу 50 отсто од ослободените затвореници биле уапсени бидејќи претставувале закана за безбедноста, пренесуваат британските медиуми.

Во затворите, исто така, се преземени мерки за претпазливост со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

На 10 март САД побараа од Техеран привремено да ги ослободат сите политички затвореници од своите преполни затвори, за да можат да помогнат во запирањето на ширењето на заразата од вирусот.

Треба да знаете
Последни објави