Директорот на КБЦ Загреб, Анте Ќорушиќ, за Н1 изјави дека двајца лекари заразени со коронавирус биле во Австрија без да пријават на никого. Тој додаде дека тие ќе бидат санкционирани за тоа.
„Епидемиолошкиот мониторинг на клиниката заврши, знаеме дека вирусот е увезен од странство поради викенд-патување во Австрија кое не било навремено пријавено во администрацијата и од кое некои колеги се вратиле, продолжиле да работат и криеле дека биле таму. Апелираме на одговорноста на граѓаните, на самоконтрола во однесувањето и тоа се однесува и на лекарите“, изјави тој.
Во однос на санкциите за лекарите кои не пријавиле викенд во Австрија и се позитивни на коронавирусот, Корушиќ рече дека тој ќе разговара за тоа со министерот и со Службата за цивилна заштита.
„Самиот факт дека ова ќе биде објавено во јавноста е веќе доволна санкција, а ќе има и други санкции. Засега е важно да се напомене дека КБЦ работи сосема нормално, имаме доволен број доктори и медицински сестри, но важно е да се напомене дека има 140 вработени, медицински персонал, во самоизолација поради контактот со овие три лица“, рече Корушиќ.