МВР обезбедува 310 граѓани кои се во самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, рече дека МВР обезбедува 310 граѓани кои се во самоизолација поради тоа што биле во контакт или во близина со луѓе болни од корона.

„Освен Дебар и Жупа, кои се целосно под изолација, СВР Скопје обезбедува 173 лица под изолација, СВР Битола 13, Тетово 16, каде што е константирано и едно прекршување на мерката изолација. СВР Охрид чува 82 лица, Струмица 12. Едно лице од Струмица излегло од самоизолација, па полицијата ќе му поднесе пријава“, рече Чулев.

Во Куманово полицијата чува 6, во Штип 8 лица под изолација.

Треба да знаете
Последни објави