Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ му кажал на својот пријател Лард Хамилтон дека не се чувствува среќен, а неговиот пријател предложил да се обиде со целибат. Апстиненцијата го направила Орландо подобар во односот со жените и со женственоста генерално, иако признава дека целибатот не е здрав и не би го препорачал на друг.
Во интервју за весникот „Сандеј тајмс“, тој вели: „Лајрд рече ако сакам да имам сериозна врска, пробај да живееш без секс неколку месеци и сфати го тоа.“
„Престанав со вообичаената рутина да одам на забава и да размислувам кого ќе сретнам. И наеднаш станав поинаков… и почнав да се прашувам дали воопшто можам да имам врска со жена која е само пријателка“.
“Се воздржував три месеци, но навистина уживав во начинот на кој се поврзав со жените и со женското во себе,“ вели актерот, и додава дека претходно не бил во состојба да оствари пријателства со жени бидејќи се завршувало со секс.
Орландо и Кери беа во врска 10 месеци, потоа се разделија на кратко. Љубовта повторно ги спои во 2017 година, а на Денот на вљубените (14 февруари) британскиот актор го постави прашањето.
Минатиот месец Кети Пери преку видео запис објави дека е бремена.