Заедничка е констатацијата дека изборите треба да се одложат. Тоа е став на ДУИ што го промовираме во претходните неколку дена затоа што здравјето на граѓаните е најважно во оваа ситуација и сакаме да го победиме вирусот, а помалку се важни другите политички процеси, изјави Бујар Османи, шеф на изборен штаб на Демократската унија за интеграција по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.
Рече дека нивната одлука следува и по консултациите кои претседателот на партија Али Ахмети ги имал во изминатите денови со претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, а дека, како што рече, задоволство е што и во поширок состав и од сите политички партии е постигнат консензус да се донесе одлука за одложување на изборите. За начинот како оваа политичка одлука ќе се имплементира, односно за правните аспекти што ги дозволуваат Уставот и законите, рече, останува на претседателот заедно со експертите и со понатамошна консултација со поголемите политички партии да се одлучува во наредните часови и денови. Според него, техника влада бездруго треба да има бидејќи, како што рече, државата може да нема влада, но треба да има консултации со експерти по Уставно право за да се донесат одлуки. Експертите треба да дадат мислење, рече Османи, и за евентуална одлука да се повика Собранието, а засега таква одлука нема.