Уште едно лице во Грција го загуби животот од Ковид-19, што воедно е и петтата жртва на коронавирусот во таа држава.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 387, според она што попладневно го соопшти претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.