Во САД досега е забележано повеќе од 4500 случаи на заразени од Ковид-19, бројот на умрени е 79, но младата популација и понатаму не ги сфаќа за сериозно предупредувањата и советитеза да се намали ширењето на коронавирусот.
На плажа во Флорида се сликани стотици млади луѓе, ако не и повеќе, повеќето студенти, кои наместо да седат дома, ги окупираа плажите,кафичите и рестораните, не придржувајќи се на правилата на држење растојание еден до друг. Американските власти поради неодговорното однесување на своите граѓани се заканува со парични казни, но и казна затвор.