Во седиштето на ОН во Виена потврден е прв случај на зараза со Ковид-19 беше, а здравствената служба на седиштето на организацијата објави дека инфекцијата е потврдена кај чистачка вработена од компанија надвор од системот на ОН.
Таа на 2 март пријавила дека е болна и претходно исчистила 13 простории на 10 кат, зграда Б, која е дел од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Австриските здравствени власти прво сметале дека станува збор за грип и сега ја известиле Медицинската служба на седиштето на ОН дека жената е позитивна на Ковид-19.
Седиштето на ОН во Виена ги следи мерките на австриската Влада и го минимизираа бројот на персоналот кој моментно работи во зградата, додека други се испратени да работат од дома.