Премиерите на Западен Балкан остварија дигитална-конференција со австрискиот канцелар Себастијан Курц и со комесарот за проширување Оливер Вархјли.
Во објавата на Фејсбук, премиерот Еди Рама пишува дека Албанија дејствувала брзо во преземањето мерки за заштита и дека „продолжува војната” и оти се разгледува планот како да се реагира на економски план.
Меѓу другото целта на оваа видео врска е да се гарантира пристапот на земјите од регионот до европскиот пазар за медицински увоз за време на борбата против вирусот.
„Разговаравме и за состанокот на Совет на Европа што ќе се одржи следната недела и ќе се разговара за одлуката за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија”,наведува Рама.