СДСМ: Мицкоски нема капацитет да ја сфати сериозноста на ситуацијата, за заштита на здравјето и за поддршка на економијата потребна е вонредна состојба, а тој опструира

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ или нема капацитет да ја разберат сериозноста на ситуацијата со која се соочуваме со корона вирусот или повторно сакаат на штета на здравјето на граѓаните да заработат ситни партиски поени, се вели во соопштението на ДСМ како реакција на изјавата на лидерот на опозициската партија.
Кога цел свет презема остри мерки против ширењето на вирусот  и прогласува вонредна состојба за да се спречи пандемијата, тој без никаков аргумент  е против прогласувањето на вонредната состојба во Северна Македонија.
Вонредната состојба е потребна заради засилување на механизмите за заштита, но и инструменти за навремена, конкретна и ефикасна помош кон стопанството и стопанските гранки кои се најпогодени.
Граѓаните бараат посилни мерки за поефикасно спречување на корона вирусот, а тој опструира и сака да блокира.
Тоа е Мицкоски.  Само за да биде контра конструктивните предлози на СДСМ, на експертите, на стручната јавност, тој е подготвен и да си игра со здравјето на граѓаните.
Мицкоски треба да се реши што сака и тоа јавно да го каже. Или е против здравјето на граѓаните или  смета дека сегашните мерки се доволни, па нема потреба од вонредна ситуација.
Време е Мицкоски да се престрои на страната на здравјето на граѓаните и да заборави на теснопартиските интереси.
Ситуацијата е сериозна  и нема место за аматерските политички манипулации на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните знаат кој има искрен пристап во решавањето на ситуацијата, а кој манипулира и политички калкулира.

Треба да знаете
Последни објави