Трамп воведе нови мерки против ширењето на коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нова група мерки за спречување на ширење на коронавирусот, вклучително и избегнување на митинзи во групи со повеќе од 10 лица и избегнување на посети во ресторани, барови и трговски центри.

„Ако се чувствувате лошо, останете дома, не одете на училиште. Ако вашите деца се болни, не ги праќајте на училиште“, е една од новите мерки што ги воведе Белата куќа.

Според АП, Белата куќа ги советува американските граѓани дека ако некој во нивното домаќинство заболел од коронавирусот, сите членови на тоа домаќинство треба да останат дома.

И постарите, додаде, треба да останат дома и да избегнуваат други луѓе.

Истата препорака се однесува на луѓе кои веќе имаат некои здравствени проблеми, како што се проблеми со срцето или белите дробови.

На американските учениции во училиштата и факултетите им се препорачува да работат од дома секогаш кога е можно.

На граѓаните им се советува да избегнуваат јадење и пиење во ресторани и барови, но да користат услуги за испорака на храна или ресторани за брза храна.

Исто така, на Американците им се советува да се грижат повеќе за личната хигиена и да избегнуваат посети на здравствени установи без потреба.

Белата куќа, меѓу другото, препорачува да се затворат ресторани, барови и спортски сали во САД, каде што се пријавени случаи на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави