Хонгконг со електронски алки ги контролира луѓето во самоизолација

Хонгконг има посебен метод за надзирање на луѓето во карантин. „Си-ен-ен“ известува дека кога Деклан Чан, стилист од Хонгконг, слетал во Хонгконг минатата недела,  на влезот добил електронска алка.

Тоа е алка што ќе го следи неговото движење во текот на 14-те дена задолжителен карантин, објаснија официјалните лица.

Тоа е последната мерка за превенција во Хонгконг каде што има голем број на увезени случаи на коронавирус.

Владата денес објави нови ограничувања на движење, со што се бара сите што влегуваат од странски држави да одат на 14-дневен карантин.

Алката е поврзана со апликација што се презема на мобилен телефон и ја известува владата за локацијата на лицето во изолација.

Чан рече дека ја преземал апликацијата и дека морал да шета низ куќата за да се мапира областа во која може да се движи.

Владата има околу 5.000 подготвени алки и 60.000 се во подготовка.

Треба да знаете
Последни објави