Австралиски научници покажаа како се бори имунолошкиот систем со коронавирусот

Научниците во Австралија идентификуваа како имунолошкиот систем на човечкото тело се бори со вирусот Ковид-19. Нивното истражување, објавено во магазинот „Природна медицина“, покажува дека опоравувањето на луѓето од новиот вирус е исто како и од грип.

Утврдувањето на тоа кои имуни клетки се појавуваат треба да помогне во развојот на вакцините, велат експертите.
На глобално ниво, властите потврдија повеќе од 160.000 случаи на коронавирус и околу 6.500 смртни случаи.

„Ова (откритие) е важно затоа што е првпат кога навистина разбираме како нашиот имунолошки систем се бори против новиот коронавирус“, вели коавторот на студијата, Кетрин Кеџиерска.

Истражувањето на Институтот за инфекции и имунитет „Питер Доерти“ во Мелбурн е пофалено од други експерти, некои дури го нарекуваат „пробив“.

Многу луѓе се опоравија од „Ковид-19“, што значи дека веќе е познато дека имунолошкиот систем може успешно да се бори против вирусот. Но, за првпат, истражувањето идентификува четири типа на имунолошки клетки кои се претставени во борбата против Ковид-19.

Тие биле забележани со следење на пациент кој имал благ до умерен случај на вирус и без претходни здравствени проблеми.

Треба да знаете
Последни објави