Аднан ал-Зурфи е нов мандатар за состав на ирачката Влада

 Ирачкиот претседател, Брахам Салих го именуваше Аднан ал-Зурфи за нов мандатар, во последниот обид за решавање на повеќемесечната политичка криза во Ирак.

Ал-Зурфи е на чело на парламенарната група Наср на поранешниот премиер  Хаидер ал-Абади.

За назначување на ал-Зурфи за премиер беа потребни повеќе од две недели, откако поранешниот кандидат за премиер Мохамед Алави се повлече од кандидатурата за таа функција, обвинувајќи ги политичките партии дека го попречуваат.

Ирак поминува низ најтешката политичка криза од смртта на претседателот Садам Хусеин.

Ирак е без премиер од ноември, кога масовните протести го присилија Адил Абдул Махдија да отстапи од должноста.

Треба да знаете
Последни објави