Администрацијата на Доналд Трамп ја разгледува можноста за исплата на илјада американски долари за секој Американец за да се стимулира економијата поради замрениот бизнис после ширењето на коронавирусот во земјата.
-На Американците им треба готовина, и претседателот сака да ја добие веднаш. Гледаме тоа да се случи во наредите две недели, изјави денеска министерот за финансии Стивен Мнучин на брифинг во Белата куќа.
Се уште се работи на формулата кој треба да прими едонкратна исплата од илјада долари. Се планира да бидат опфатени мнозинство Американци, освен оние кои заработуваат милиони долари годишно.
-Сакаме да бидеме сигурни дека Американците ќе ги добијат парите брзо. Се надеваме дека чековите ќе почнеме да ги праќаме веднаш, но не мислиме да праќаме чекови на оние кои заработуваат милион годишно, изјави Мнучин.
Идејата Американците да добијат по илјади долари секој вчера прв ја изнесе сенаторот републиканец Мит Ромни, кој изјави дека тоа „ќе помогне на семејствата и работниците да ги покријат краткорочните потреби и да ја зголемат потрошувачката во економијата”.