Британската кралица од Лондон ќе се пресели во замокот Виндзор

Британската кралица Елизабета Втора откажа забави во градината во Бакингемската палата во Лондон и ќе го напушти главниот град в четврток. Таа и семејството ќе се упатат кон замокот Виндзор поради пандемијата на новиот коронавирус, соопштија од кралското семејство.

Неколку состаноци во Бакингемската палата оваа недела, вклучително и аудиенцијата на кралицата со премиерот Борис Џонсон, ќе се одржат според планираното, се вели во соопштението.

Од Палатата додаваат дека кралицата Елизабета ќе се пресели во замокот Виндзор за Велигден в четврток, 19 март, една недела пред планираното.

„Кралицата веројатно ќе остане таму и по Велигден”, се наведува во соопштението. Замокот се наоѓа во Беркши, југоисточна Англија.

Плановите на 93-годишната кралица беа променети „како разумна претпазливост и од практични причини поради сегашните околности”, објаснуваат од палатата.

Треба да знаете
Последни објави