Брнабиќ рече за „Пинк“ дека голем број граѓани вчера не ги сфаќале сериозно препораките и мерките на Владата и додаде дека се чини дека ситуацијата денес е подобра, но дека не е ни приближно добра. „Не ја исклучувам можноста вечерва да донесеме одлука за порастични, најтешки мерки, особено за постарите граѓани.“
Таа рече дека состојбата со коронавирус во Србија е комплицирана.
„Имаме комплицирана ситуација од ден на ден. Ние продолжуваме да го одржуваме ова под контрола благодарение на превентивните мерки што ги воведовме. Благодарние на групата епидемиолози и инфектолози кои ги собра претседателот Александар Вучиќ пред првиот заразен пациент, изјави премиерката.
Брнабиќ рече дека е потврдено дека 65 лица биле заразени со коронавирусот, додавајќи дека 31 лице биле во домашна изолација, додека другите биле на болничко лекување.