По воведувањето на карантин во Франција поради борбата против епидемијата на коронавирус, голем број Парижани може да се видат како во редици чекаат пред продавниците.
На луѓето им е ограничено движењето, а многумина се прашуваа во продавниците како да се снабдат со основните намирници.
Па така пред продавниците се формираа редици на купувачи кои со колички го чекаат својот ред да влезат.
За две недели Французите ќе можат да излезат само ако постојат пет причини за тоа. Тоа се – заминување на работа доколку работните обврски не се можни од дома, одење во купување на основни намирници, излегување поради здравствени причини, излагување од семејни причини ( помош на чувствителни лица или чување деца) и излегување во близина на домот за потреби на домашни миленици.
Документот, кој е достапен на сајтот на министерството и сајтовите на медиумите, мора да содржи наведени причини, лични податоци и потпис.
Околу 100.000 припадници на силите за безбедност се ангажирани за надгледување на ограниченото движење на граѓаните во Франција, пренесуваат тамошните медиуми. Во Франција се потврдени над 6.600 случаи на коронавирус, а починаа 148.