Познатото музичко дуо Александар Митевски и Драган Спасов Дац, кои во текот на изминативе неколку месеци објавија неколку хитови, сега преку една подарок песна, им се заблагодарија на сите херои на денешницата кои се вклучени во борбата со актуелниот коронавриус. Станува збор за преработка на македонската песна „Љуби ме и главата горе“, овојпат во изведба на Александар Митевски, Дац и поп пејачката и водителка Бојана Скендеровски.
Песната доби и интересен видео запис, преку кој им се оддава почит на сите медицински лица, Армијата, Црвениот крст и сите други институции кои го жртвуваат својот живот за да помогнат во борбата со вирусот.