„Визер“ автоматски ќе ги додаде кредитите од откажаните летови

„Визер“ објави дека како резултат на значително поголемиот обем на откажани летови поради ограничувањата на патувања, наметнати како борба против ширењето на пандемијата COVID-19, го автоматизираше процесот на рефундација на афектираните клиенти со автоматско поставување на 120% од оригиналната цена во делот на „WIZZ кредитите“ на сметките на своите клиенти.

Паралелно со воведувањето на автоматскиот процес на рефундација, авиокомпанијата привремено ќе ги оневозможи своите опции за онлајн регистрација најдоцна до 14 април 2020 година за да се осигури дека може да се справи со откажувањата примени во последно време, чија бројка е зголемена повеќе од 100 пати. „Визер“ би сакал да ги увери сите свои клиенти дека дури и ако процесот потрае подолго од вообичаеното, сите побарувања ќе бидат решени и клиентите ќе имаат право на рефундација по откажаниот лет.

Додека автоматскиот процес на враќање на готовина за туристички агенции се развива со висок приоритет, „Визер“ љубезно ги замолува туристичките агенции да го контактираат центарот за повици на авиокомпанијата.

Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ги контактираат компаниите преку кои ги купиле своите билети. Во овој исклучително невообичаен период ве замолуваме да ги користите нашите платформи за само-послужување, кои се наведени во електронските пошти за да се намали колку што е можно повеќе користењето на нашите центри за повици кои и онака се премногу зафатени. Иако е надвор од границите на котрола на „Визер“, авиокомпанијата се извинува за непријатностите како резултат на забраните за патување и откажувањето на летовите и ги уверува своите патници дека враќањето на средствата останува нивен приоритет.

„Визер“ е најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, која нуди над 700 рути од 25 бази поврзувајќи 155 дестинации низ 45 држави. Во „Визер“, преку 5.000 авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават „Визер“ подобриот избор за над 40 милиони патници во изминативе 12 месеци. WIZZ управува со флота од 121 Airbus авиони. Своите А320 авиони се опремени со 180 седишта, своите А321 авиони со 230 седишта, додека пак своите А321neo авиони со 239 седишта. Според според последните статистики на швајцарскиот авионски разузнавачки оператор CH-AVIATION, „Визер“ ја има една од најмладите авионски флоти во свето

Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ и се вклучени во „FTSE 250“ и „FTSE All – share Indices“. Wizz Air е регистриран од страна на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), оперативна ревизија за безбедност (IOSA), глобален репер за безбедност на авиокомпанија.

Компанијата недамна беше именувана за една од 10те најбезбедни авиокомпании од страна на airlineratings.com, единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, и за „Авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW, единствените интернационални награди кои ги признаваат најистакнатите компании во воздушната индустрија во годината во сите најважни категории.

Треба да знаете
Последни објави