Италијанското Министерство за внатрешни работи издаде нова наредба за движење на Италијанците за време на епидемијата на новиот коронавирус.
Од 17 март секој што ќе го напушти својот дом во Италија мора да носи потпишана изјава дека не е во карантин како заразен или контактирал со заразени лица со коронавирусот.
Во изјавата што секој треба да ја носи со сее ако го напушти својот дом, исто така се наведува дека може да замине од одмот само кога е апсолутно неопходно или од здравствени причини.
Дополнителната забрана за напуштање на домот, доколку е ставен под карантин, е неопходна поради многуте случаи на прекршувања. Во Италија, прекршувањата на карантинот поради епидемијата се казнуваат со затвор до 12 години.