За да се заштити здравјето на граѓаните и на вработените, службите на Град Скопје од денеска 17.03.2020 година, вторник ќе работат со скратено работно време, од 9 до 14 часот. Ова ограничување на работното време нема да важи за градските инспектори и за комуналните редари.
Шалтерите за даночни прашања во бараката со број 16 исто така ќе работат со скратено работно време, од 10 до 12 часот. Притоа, еден шалтер ќе работи за прием на документи, а втор за издавање на документи. Во бараката со број 16, граѓаните ќе може да влегуваат еден по еден, за да се овозможи заштита и на граѓаните и на вработените од ширење на корона вирусот. Апелираме до граѓаните кои надвор ќе чекаат ред за влез во бараката, да одржуваат меѓусебно растојание од минимум еден метар.
Архивата на Град Скопје ќе работи од 9 до 14 часот.
Скратеното работно време на службите на Град Скопје се воведува во согласност со мерките и препораките на Владата, за спречувањето на ширењето на корона вирусот.
За секоја промена на оваа новонастаната ситуација во нашата земја граѓаните ќе бидат навреме информирани.