Неколку пратеници на долниот дом на рускиот парламент се ставени во карантин под сомнение за коронавирус, изјави денеска претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.
Олга Савастијанова, претседател на Комисијата за контрола и регулатива на Државната дума, рече дека во карантинот имало десет пратеници.
Пратениците, од кои некои се од владејачката партија „Обединета Русија“, биле во контакт со пратеникот на Либерално-демократската партија на Русија Сергеј Катасонов, кој претходно го занемарил правилото за карантин при неговото враќање од Франција и потоа изјавил дека бил негативен на тестот за коронавирус.
„Некои од нашите пратеници беа ставени во карантин по грешка на нашиот колега (Сергеј Катасонов), кој ги игнорираше правилата“, рече Володин во пленарна серија.
Имајќи го ова предвид, некои пратеници од Либерално-демократската партија и партијата Обединета Русија беа принудени да се изолираат по директен контакт со Катасонов, соопшти агенцијата.
Според податоците на Работната група за борба против коронавирус, во Русија се регистрирани 93 случаи на заразени.