Повеќе патници кои денеска слетале со авион од Брисел имале симптоми на коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче.
Според него, дел ќе бидат однесени на Инфективната клиника на тестирање, а останатите патниц се заглавени на аеродром, се додека не се утврди каква е состојбата со сомнителните патници, а потоа ќе се утврдува кој каде седел и што со нив. Од тоа зависи дали ќе бидат ставени во самоизолација или во карантин.