ЕУ потврди дека ги затвора границите за 30 денови

Европската унија ги запира сите непотребни влегувања на странци во блокот 30 дена за да го спречи ширењето на новиот коронавирус. Тоа го нагласи вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Се согласивме …за привремено ограничување на непотребните патувања во ЕУ, рече Мишел во Брисел по итен видео самит на лидерите на ЕУ.

Според предлогот изнесен претходно од Европската комисија, исклучоци од забраната би се однесувале на жители на ЕУ, членови на семејствата на државјани на ЕУ, дипломати и некои здравствени работници.

Покрај тоа, лидерите на ЕУ „ќе сторат се што е потребно” за да помогнат спречување економски крах поради новиот коронавирус, додаде Мишел.

Треба да знаете
Последни објави