На територијата на бугарскиот зимски центар Банско има околу 200 странски туристи. Веќе контактиравме со амбасадорите на земјите од каде се туристите. Нивните граѓани ќе можат да го напуштат градот во рок од 24 часа. Ова го изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за време на вонредниот брифинг во Советот на министри.
– Сите други ќе бидат во карантин, додаде таа.
„Две групи туристи од Велика Британија заминаа денеска. Има израелски туристи кои исто така заминуваат. Останаа малку странски туристи. Ќе обезбедиме контролиран пренесување на странските туристи до аеродромите, додаде таа.
Бугарскиот зимски центар Банско е под карантин и блокада, јави Бгнес. Тоа се случува по одлуката на Оперативниот штаб за борба со новиот коронавирус.
На вонредниот брифинг во Советот на министри, генерал-мајор Венцислав Мутафчиски објави дека вкупниот број на заразени достигнал 81 лице. Три од нив се од градот Банско.
Тие се луѓе кои се занимаваат со активности поврзани со туризмот.
„Националниот оперативен штаб предлага Владата да преземе посилни мерки за градот Банско. Причината е што во градот се регистрирани три случаи на заразени со новиот коронавирус и зимските одморалишта се исклучително опасно место за ширење на заразата”, нагласи Мутафчиски
„Во Банско постои загрижувачки тренд на зголемување на заразата, рече тој.