Клубовите во Серија А и Серија Б сакаат да ги замрзнат платите на играчите за време на принудната пауза

Претседателите на клубовите во Серија А и Серија Б сакаат да ги замрзнат платите за играчите за време на суспензијата на натпреварувањата поради коронавирусот, пренесува новинарот Никола Скира кој е добар познавач на италијанскиот фудбал.

– Клубовите сакаат да ги минимизираат загубите, но италијанската асоцијација на фудбалери за играчи е против оваа идеја, напиша Скира на социјалните мрежи.

Италијанското првенство треба да продолжи не подоцна од 9 мај.

Во Италија, дод денеска бројот на заразени со коронавирус е околу 25 илјади, починале 1809 лица.

Треба да знаете
Последни објави