Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се во домашен карантин откако пред една недела се вратија од Монако каде поминаа три дена.
Првичните резултати се дека се негативни на вирусот, но Брена и Боба ќе ја почитуваат одлуката ако патувале, привремено да се изолираат, за да може да се следи натамошната состојба.
„Вирусот се шири кај оние кои не го сфаќаат сериозно. Мене ми е период за пролетно чистење дома, па ќе ја искористам изолацијата за редовна дезинфекција. Придржувајте се кон здрави хигиенски навики“, порача Брена.
Таа додава дека е среќна што никој од синовите не бил на патувањето заедно со неа и Боба, но дека ќе избегнуваат контакти во следните 14 дена, за да бидат сигурни дека не се заразени со коронавирус.