Наставата на ФЕИТ утре продолжува со комбиниран начин на учење

Наставно-научниот совет на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска на седница донесе одлука од утре, 18 март,  да продолжи наставата со примена на комбиниран начин на учење, според утврдениот распоред на часови за летниот семестар 2019/2020 година.

-За таа цел, во системот за електронско учење на ФЕИТ, е-kursevi, имплементирани се два система за видеоконференции. Исто така, донесена е одлука сите изданија на ФЕИТ (учебни помагала, учебници, збирки задачи, упатства за лабораториски вежби) да им бидат достапни на студентите преку порталот за електронско учење, информира ФЕИТ.

Треба да знаете
Последни објави