Според објавената имотна карта, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ има плата од 25.000 куни (3300 евра), неговата сопруга поседува стан од 127 квадратни метри и има заштеда од 850.000 куни (околу 112 илјади евра).
Сопругата на хрватскиот претседател заработува 14.000 куни (1850 евра) месечно.
Покрај тоа, Милановиќ поседува стан, гаража, две обработливи земјишта, ливада и викендичка со земјиште кое го наследил, и кое го дели со трети лица. Тој, исто така, има кредит од 2016 година во износ од 700.000 куни (околу 92 илјади евра), кој го отплатува на месечни рати по 4.500 куни (593 евра).
Во истата година, купил автомобил „Форд Фокус” на лизинг, кој исто така го отплаќа месечно во висина од 1.300 куни (170 евра).
Неговата консултантска фирма ЕуроАлба Адвајзори во 2018 година остварила приходи од 745.000 куни (98.300 евра) , од кои нето-добивката изнесува 553.000 куни (73.000 евра) .