Општина Карпош се приклучува кон акцијата на Црвениот крст на Град Скопје, за обезбедување на логистичка поддршка на ранливи целни групи на територија на Карпош, а како резултат на справување со последиците од Covid 19 (коронавирус).
Граѓаните од Карпош можат да се јавуваат на телефонските броеви:
070 – 226 – 136 и 02/3068-806, а мобилните тимови ќе функционираат секој работен ден, од 08:30 до 12:30 часот. Нивната задача ќе биде да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните лица, до семејствата со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани кои живеат во Карпош.
Сервисната услуга што ќе ја обезбедуваат мобилните тимови ќе биде бесплатна, а граѓаните ќе одвојат финансиски средства само за артиклите или лековите кои ќе треба да им се набават.
Исто така, од утре почнуваат да функционираат и две СОС линии за обезбедување на психосоцијална поддршка на граѓаните. Линиите ќе бидат отворени секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот. Старите и изнемоштените лица на кои им е потребна психо-социјална поддршка можат да се јават на телефонскиот број: 075/352-246, а останатите граѓани на телефонскиот број: 071/379-119.
Општината ќе одвои и буџетски средства за реализација на оваа активност, која е координирана и поддржана од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и другите градоначалници на скопски општини.