Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со висок кинески дипломат, ги пренел силните американски забелешки за она што неговата земја го смета за обид на Кина вината за вирусот Ковид-19 да ја префрли на САД, соопшти Стејт департментот.
Во телефонското интервју со директорот на Канцеларијата за надворешни работи на Комунистичката партија на Кина, Помпео истакнал дека не е време да се шират дезинформации и страшни гласини, се вели во соопштението на портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, кое го пренесе агенцијата „Ројтерс“.