Поради коронавирусот словенечките власти донесоа одлука да го продолжат важењето на сообраќајните дозволи, односно регистрацијата на возилата.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, сите оние на кои им истекува важноста на регистрацијата, автоматски ќе им се продолжи до 16 април. Истото важи и за осигурувањето на автомобилите.
Ова одлука се донесе бидејќи поради коронавирусот се затвораат и станиците за технички преглед на возилата.