Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола утврди план за е-настава во услови на криза

 Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола подготви посебен план на активности за одржување на е-настава во текот на кризната ситуација со цел да се заштити здравјето на студентите и вработените. Од УКЛО-Битола информираат дека ректорскиот колегиум одлучил да продолжат сите активности поврзани со наставата по електронски пат.

Според утврдените заклучоци, студентите ќе продолжат со настава преку on-line предавања, во согласност со распоредот за настава, со користење на  платформите  преку uklo.edu.mk  доменот, одржување настава врз принципот далечинско учење и електронска комуникација и други е-мерки кои се однесуваат подеднакво на сите студентите од прв, втор и трет циклус на студии.

УКЛО е во постојана комуникација  со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како и со партнерските странски универзитети во рамките на Ерзмус + програмата.

Активностите на УКЛО во однос на работењето на  Ректорската управа и Сенатот ќе се одвиваат редовно,  преку  е-седници и постојана електронска комуникација со професорите и студентите, се нагласува во соопштението од Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола.

Треба да знаете
Последни објави