Француската Влада најавува помош од 45 милијарди евра за претпријатијата и вработените

Коронавирусот ќе ја втурне Франција во рецесија во 2020 година, оцени во вторникот министерот за економија Бруно Ле Мер, кој објави дека владата сега очекува пад на бруто-домашниот производ (БДП) од 1 отсто, јави дописникот на МИА.

-Владата, за неколку часа„ предлог-закон за финансирање, со што ќе се намали прогнозата за раст во 2020 година за -1 отсто, односно негативен раст, рече министерот за радиоото РТЛ додавајќи дека оваа бројка е „привремена”.

Ширењето на вирусот на територијата доведе до тоа извршната власт да донесе од вторник строги ограничувања на движењето на Французите, ефикасно забавување на економската активност, додека многу компании веќе страдаат со недели од реперкусии на епидемијата.

Борбата против корнавирусот е затоа „исто така економска и финансиска војна”, рече Бруно Ле Мер. Оваа економска војна според него „ќе трае, ќе биде насилна, таа мора да ги мобилизира сите наши сили”, инсистираше министерот за економија.

Тој притоа најави дека владата ќе се мобилизира на „непосреден” начин 45 милијарди евра за поддршка на претпријатијата и вработените, особено преку одложување на плаќањето на сите даночни и социјални давачки.

Фонд за солидарност од една милијарда евра ќе се создаде и за микро-претприемачите, за најмалите бизниси, за самовработените, кои имаат помалку од еден милион промет и кои „меѓу март 2019 и март 2020 година имаат изгубено 70 отсто од нивниот промет.

Треба да знаете
Последни објави