Многу Французи добија необична СМС порака веднаш по интервенцијата на претседателот Емануел Макрон, а некои дури во текот на денешниов ден за забраната за движење, јави дописникот на МИА.
По говорот на Емануел Макрон во понеделникот вечерта, владината текстуална порака беше масовно дистрибуирана за да информира за правилата за ограничување што важат од денеска напладне и „за борба против ширењето на вирусот и за да спасат животи”.
-Предупредување КОВИД-19. Претседателот на Републиката најави строги правила кои мора да ги почитувате за да се борите против ширењето на вирусот и да спасите животи. Излегувањата се овластени со потврда и само за вашата работа, доколку не можете да работите далечински, за вашето здравје или вашите основни потреби “, предупредува владата.
Пораката содржи инструкции за ограничување дадени претходно од претседателот Емануел Макрон.
За да ја испратат оваа порака, телефонските оператори беа мобилизирани од државата.