Вкупно четворица доктори од Универзитетскиот Клинички центар во Загреб се позитивни за новиот коронавирус, тројца од кардиологија и еден од неврологија, изјави помошник директор на Клиничкиот болнички центар (КБЦ) Миливој Новак.
Се преземаат мерки за утврдување на контактите и дезинфекција, а повеќе од 100 вработени во институцијата моментално се во самоизолација, рече Новак за загрепските медиуми.
Директорот на КБЦ Загреб, Анте Чорушиќ, претходно изјави дека некои лекари се заразиле во Австрија каде што биле на скијале без знаење на администрацијата на болницата, и дека не презеле мерки за двонеделна самоизолација.
– Знаеме дека вирусот е увезен однадвор, бидејќи викенд патување во Австрија, за администрацијата не била на време известена и од каде се вратиле некои колеги, продолжиле да работат и премолчеле дека биле во Австрија, рече тој.
Чорушиќ рече дека лекарите кои не ги пријавуваат можните контакти со заразени лица веројатно ќе бидат санкционирани.