Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин рече поместувањето на континенталниот турнир од ова лето за наредното ќе чини многу, но целта е, како што рече, поважна од профитот.
„Поместувањето на Европското првенство ќе чини многу за УЕФА, но ќе се поставиме за последиците од тој потрес да не се почувствуваат. При носењето на одлуката за одложување на турнирот, се водевме од принципот дека целта е поважна од профитот и веруваме дека ваквиот потег е добар за европскиот фудбал во целина”, стои во реакцијата на Чеферин.