Бежоска: Стабилен банкарски систем и стабилен девизен курс на денарот

Народната банка донесе неколку мерки со кои ќе им овозможи на компаниите полесно да ја поминат кризата, а банките да можат полесно да даваат кредити.

Како што рече на денешната прес конфернеција гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска донесени се неколку мерки.

– Мерка за ставање во функција на инструмент за секторска поддршка. Значи дека сите нови кредити одобрени на погодени сектори и реструктуираните кредити ќе биде одбивна ставка. Ослободување на ликвидност на банките во кредитирањето. Одложување на примената на мерката за управување со ризици за да оставиме простор банките да бидат свртени кон бизнисот – рече Бежовска.

Таа информира дека се работи и на мерка со која потаргетирано ќе се влијае на одредени сектори за олеснување на реструктурирање на кредитите, одново склучување како намалување на ставката. Одлуката се разгледува со банкарскиот систем.

Гувернерката рече дека моментално земјава има стабилен банкарски систем и стабилен девизен курс на денарот.

Треба да знаете
Последни објави