Во навалица за тоалетна хартија во продавница на „Колес“ во австралискиот град Перт се создало стампедо во кое било прегазено 13-годишно девојче кое се здобило со повреда на коленото.
Другите купувачи панично трчале преку неа се додека не и помогнал шефот на продавницата.
Мајката на девојчето изјави за „Дејли мејл“ дека ги чекаат резултатите од наодoт. Притоа, таа го осуди несовесното однесување на купувачите, но и ја пофали реакцијата на вработените.
„Бев шокирана уште пред да се отвори продавницата. Луѓето се буткаа, викаа едни на други да застанат во ред. Кога шефот на продавницата сфати што се случило, тој не внесе мене и моите деца просторот за вработените и стави мраз на коленото на ќерка ми“.
Споменатата мајка отишла во „Колес“ со нејзината ќерка и 9-годишниот син за да купи тоалетна хартија и храна за на училиште.