Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска извршија акција за дезинфекција на Старата скопска чаршија. Дезинфекцијата се спроведе на сите внатрешни улици и делови на Чаршијата, со употреба на специјално комунално возило за оваа намена.
„Во Старата скопска чаршија секојдневно има голем број на посетители и минувачи, така што во координација со општината Чаир одлучивме токму на оваа локација да ги спроведеме овие вонредни мерки и активности, со цел максимално подигнување на нивото на хигиената и чистотата на јавните површини, во насока на заштитата на здравјето на граѓаните“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.