Венецуела е една од земјите најпогодени од коронавирусот поради проблеми со здравствениот систем. Има недостаток на основни хигиенски материјали, болнички легла има премалку, мал број изолациски центри , а и оние постоечките тешко да се наполнат поради недостаток амбулантни возила.
,,Ние сме стручњаци кога сме кај кризните ситуации.Но, ситуацијата со Ковид-19 е поинаков предизвик, потребна ни е многу поголема поддршка.” – изјавил неименуван доктор од Венецуела.
Во Венецуела се забележани 33 случаи на заразени, за само три дена од потврдените први случаи.Властите реагирале со карантин во главниот град Каракас, воведена е и забрана за патување мерките се најпрво за одредени критични подрачја, но во понеделникот се проширени на целата држава.

Докторите се жалат на немањето услови за работа.Во болниците нема ракавици,сапун,маски дури и питка вода.Во болница во Каракас 80 проценти од пациентите признале дека немаат соодветна нега.
,,Лекарот кој ги лечи заразените треба да има заштитна опрема.Човекот кој го собира опасниот отпад треба да има заштитна опрема.Ништо од тоа нема во Венецуела” – прокоментирал претсавник на синдикатот на лекари Мауро Замбрано.
Ваквата ситуација донесе во две болници лекарите со импровизирани маски да ги лечат заразените.



