Сите членки на осигурителната групација САВА (Sava Insurance Group) ги преземаат потребните мерки со кои се заштитуваат вработените, нивните семејства, клиентите и соработниците. Имајќи ги во предвид развојот и сериозноста на ситуацијата со коронавирусот, ја известуваме јавноста дека САВА осигурување како општествено одговорна компанија која се грижи за своите вработени и клиенти, дава и ќе даде максимален придонес за спречување на ширењето на заразата со Covid-19. Врз основа на состојбата и препораките на Владата за справување со пандемијата, постојано преземаме мерки на претпазливост и одговорно однесување – првенствено, за заштита на здравјето на своите вработени, нивните семејства, клиентите и соработниците. Покрај тоа, ние сме целосно подготвени за продолжување на дејноста и во вакви, вонредни услови.
Континуирано се вршат сите неопходни мерки на заштита, претпазливост и одговорно однесување, за да овозможиме непречено одвивање на работата:
- сите вработени редовно се известуваат и добиваат инструкции за лична заштита и постапување при работа со странки;
- во работните простории е извршена дезинфекција;
- обезбедени се средства за дезинфекција, маски и ракавици за сите вработени и клиенти и достапни на влез во подружниците;
- се апелира до соработниците и клиентите да избегнуваат директен контакт и за сите потреби да користат телефонска или дигитална комуникација;
- обезбедени се сите услови за најголемиот дел од вработените да ја вршат својата дејност од дома;
- бројот на вработени во деловните простории е редуциран и сведен на неопходниот минимум за нормално одвивање на дејноста.
САВА осигурување продолжува со издавање на полиси, обработка на штетите и подмирување на обврските кон добавувачите, бидејќи сме посветени на своите клиенти тогаш кога е најпотребно.
- За полиса за осигурување, клиентите може директно да го побараат својот агент или да ја набават онлајн од нашиот вебшоп на sava.mk.
- Штетите може да бидат пријавени онлајн на sava.mk или со јавување во нашиот контакт центар на 0800 80 000 за инструкции.
- За сите останати потреби и прашања достапни сме преку нашиот контакт центар на: 0800 80 000, по електронска пошта на contact@sava.mk или преку веб-чет формата на нашата веб страница sava.mk. Останете дома и безбедни. Никогаш сами!